Picture
Калемот е всушност проводник (жица) која е намотана во форма на соленоид (спирала). Шематскиот симбол е следен:
Калемот може да има една или повеќе намотки, може да има повеќе редови на намотки една над друга, да биде намотан без јадро, на железно или на феритно јадро. (ферит е мелена метална прашина залепена со смола да биде тврда и се прави во форма на шипка или геврек (торус)).
Карактеристика на калемот е неговиот индуктивитет и се мери во Хенри (H). Бидејќи оваа единица е голема и се користи најчесто за електромагнети во електрониката користиме помали единици: Мили-Хенри (mH) (0.001H), микро-хенри (μH) (0.000001H), нано-хенри (nH) (0.000000001H). Колку за споредба калем со 4 намотки со радиус од 1см има околу 100nH. Добро е да се напомене дека индуктивитет има и права жица, немора да е намотата во круг, во круг индуктивитетот е само поголем а кабаритот на калемот помал. Како аналогија за индуктивитет може да ја земеме способноста на калемот да биде електромагнет кога низ него тече одредена струја.

Карактеристики и употреба на калемот како елемент: Калемот може да се употребува за две намени: 1. Како електромагнет (жица низ која тече струја ствара магнетизам) доколку има многу намотки. 2. Во осцилаторни кола како филтер. Бидејќи првата намена е јасна втората намена е поинтересна за електроничарите. Да видиме како се однесува:

Однесување на калем приклучен на еднонасочна струја: Калемот всушност ако се приклучи диретно на еднонасочна струја ќе претставува кратка врска (или многу мал отпорник бидејќи жицата на калемот може да има некој мал отпор заради должината) меѓутоа сигурно ќе настане проблем и ќе изгори некој осигурач или нешто ќе се стопи. Калемот може да се поврзува редно (сериски) без проблем и може вака приклучен да служи како заштита од сметњи (пригушница).

Однесување на калем приклучен на неизменична струја: Бидејќи рековме дека калемот е мал електромагнет откако ќе дојде на него напон му треба малку време додека ја магнетизира жицата. Тоа време е поголемо доколку имаме повеќе намотки (поголем индуктивитет). Ова значи дека струја не тече одма туку пополека расте додека не достигне максимум. Ова од друга страна значи дека доколку ја поставиме намотката во коло со наиземнична струја нема да се однесува како кратка врска бидејќи нема да има време да „крене“ доволно струјата. Значи слично како и кај кондензаторот се јавува привиден отпор кој се вика импеданса или реактанса. Реактансата на калемот зависи од индуктивитетот и фрекфенцијата. Поголем индуктивитет или поголема фрекфенција - поголема реактанса и помало течење на струја за тој калем.

Микро калеми или пригушници:
Ова се калемчиња мотани со многу танка жица и со многу намотки кои личат на отпорници и се обележани со бои. Најчесто се најдуваат во големини на микро-хенри и служат за ставање во коло за да се блокира поминување на високофрекфентни струи (филтер кој пропушта само ниски фрекфенции) поради нивната релативно голема индуктивност. Проблем е што жицата со која се намотани е толку мала што тие имаат значителен отпор на еднонасочна струја (неколку оми) што доведува до греење во колото а често и до прекин. Пригушниците изгледаат вака:
Picture
Табелата за пресметување на индуктивитетот од боите на пригушницата е следен:
Picture



Leave a Reply.

    Author

    Доколку ви се потребни некои Шеми,Туторијали или појаснување за некои од елементите тука сум за да ви помогнам информации за контакт имате ОВДЕ

    RSS Feed